Мјузиклот „Дијана“ е најлошиот филм за 2021 година, Леброн Џејмс доби Златна малина за најлош глумец

Два дена пред доделувањето на Оскарите, во Холивуд беа доделени наградите Златна малина за најлошите филмски остварувања за 2021 година. На годинашната церемонија најмногу награди освои филмската верзија на мјузиклот „Дијана“, во продукција на „Нетфликс“. Овој мјузикл освои пет малини, меѓу кои и наградата за најлош филм, а Џина де Вал, која ја игра покојната Леди Ди, доби награда за најлоша глумица.

НБА ѕвездата Леброн Џејмс доби Златна малина за најлош актер за „Вселенска кошарка 2“. Џејмс и „кој било цртан лик со кого дрибла“ се прогласени за најлоша филмска двојка, а филм освои Златна малина и за најлош римејк/продолжение.

Брус Вилис оваа година имаше своја сопствена категорија: најлоша изведба на Брус Вилис во филм. Номинирани беа осум негови филмови, а за најлош од сите беше избран „Космички грев“.

Scroll to Top