Млад маж стана „ангел на летот“ оти и беше поддршка на 96-годишна старица која прв пат леташе со авион

Еден млад маж беше прогласен за херој откако беше фотографиран како ѝ пружа поддршка на 96-годишна старица за време на четиричасовен лет од Сан Диего до Нешвил. Неговата љубезност била забележана од друга патничка која сакала да го овековечи моментот и приказната ја споделила на социјалните мрежи.

96-годишната старица никогаш не летала, но за нејзиниот роденден сакала да ги посети најблиските во Канзас Сити. Човекот кој седел до неа сфатил колку е нервозна и вознемирена и ја држел за рака додека полетувал авионот. Кога започнале турбуленциите старицата повторно се преплашила, ачовекот ја прегрнал за да ја смири.

Тој исто така разговарал со неа ѝ објаснувал дека тоа што се случува не е ништо страшно, и помагал да стане од седиштето кога требала да оди до тоалет и на крајот на летот и помогнал со багажот. Скромниот маж не сакал да го открие својот идентитет и само кажал дека се вика Бен, додека името на старицата е Вирџинија.

Scroll to Top