Младенци банкротирале поради коронавирусот

На Елиша Деола и нејзиниот вереник Рохан Шах од Лондон, венчавката им се претвори во пекол бидејќи гостите поради коронавирусот им откажаа доаѓање. За хинду венчавката потрошиле повеќе од 100.000 евра, но гостите почнале да им откажуваат, па свадбата не се ни одржала.

Двојката изјавила дека банкротирала поради неодржување на свадбата, и сега се обидува да спаси дел од вложените пари.

Нешто слично му се случило и на пар од Велика Британија кој требала за еден месец да се венча во Италија, но поради коронавирусот свадбата е откажана. Двојката најсреќниот ден го планирала веќе 6 месеци, а повикала и 150 гости, но се пропаднало поради коронавирусот.

 

Scroll to Top