„Млади бунтовници“ ќе се прикажува на „Нетфликс“

Една од најпопуларните тинејџерски сапуници, „Млади бунтовници“, набргу ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“. Информацијата беше објавена на официјалниот шпански твитер-профил на „Нетфликс“. На каналот ќе бидат достапни сите 318 епизоди од серијата што ги прослави Лисијана Лопилато, Фелипе Коломбо, Бенјамин Рохас и Камила Бордонаба.

„Млади бунтовници“ почна да се емитува во Аргентина во 2002 година, а потоа стана глобален феномен, од кој произлезе и музичката група „Еревеј“. Серијата раскажува за животот на богатите деца во едно приватно средно училиште во Буенос Аирес, но и за љубовта на главните ликови Миа Колучи, Мануел Агире, Пабло Бустаманте и Марица Пиа Пирито.

Лани се пишуваше дека е можен и римејк на оваа серија и дека во новите епизоди ќе се вратат и некои од главните ликови. Според креаторот на серијата, Крис Морена, би било тешко да се смести целото дејство во малку епизоди, но тој не ја исклучува можноста дека некогаш ќе има римејк.

Scroll to Top