Младоженец изнервира невеста, три минути по венчавката му побара развод

Во Кувајт неодамна бил склучен најкраткиот брак на светот, пренесуваат тамошните медиуми. Сè било многу неочекувано и набрзина, иако се изгледало нормално за време на венчавката. Откако матичарот ги венчал, и ставиле потписи во документот, брачниот пар излегол надвор од општината, за да прослави. Меѓутоа, при излегувањето невестата се сопнала.

Младоженецот можел да ѝ помогне, но можел и да молчи. Тој одбрал да ја исмева и да ѝ објаснува колку е глупава поради тоа што ѝ се случило.

Невестата во афект од бес и понижување, истата секунда побарала развод на лице место. Во брак биле само три минути.

Сè уште не е официјално дали матичарот ја прифарил нејзината молба, но на интернет и жените и мажите ја подржаа во долуката.

„Ако така се однесува на почетокот на бракот, на што да се надеваш понатаму? Добро е што си го оставила“, напишала една интернет корисничка.

„Клучот до добриот брак е почит, а тој паднал на овој испит веднаш после венчавката“, напишала друга.

Scroll to Top