Младоженец загина додека ги развезувал гостите по свадбата

Во близина на Требиње загина 32-годишен младоженец веднаш по свадбата. Несреќата се случила 40 минути по полноќ , кога 32-годишниот Марко Анѓелиќ удрил во карпа на патот кон Дубровник развезувајќи ги гостите од свадбата. Тој пред неколку дена дошол од Белград во родниот крај, Требиње, за да направи свадбата.

По веселбата тргнал да ги однесе неколкумина од гостите до дома. Во несреќата тешко биле повредении другите патници во автомобилот „алфа ромео“. Тешко се повредени две момчиња и една девојка, кои се во болница во Требиње и се во стабилна состојба.

Само четвртиот сопатник  не е повреден. Засега нe се знае како изгубил контрола над возилото и како се удрил во карпата.

Scroll to Top