Модна блогерка реши да живее гола во џунгла  

Познатата блогерка Фрили, која претходно уживала во богатството, денес заедно со своето момче одлучиле светскиот џет-сет да го заменат со живот во џунгла во Јужна Америка од каде секојдневно објавува постови на „Инстаграм“ преку кои пропагира здрав живот. Таа вели дека престанала да се шминка, депилира и заштедила за шест месеци 4 000 долари.

Позната по советите за веганска исхрана и состојки за смути, денес објаснува како е да се биде гола во природа. Таа на своите фанови, кои ѝ замеруваат што е гола на секоја фотографија, им одговара дека и натаму ќе се слика гола бидејќи така се чувствува добро.

Оваа 37-годишна Австралијка се бања во монсунските дождови, а пие вода од локални извори.

Scroll to Top