Модна недела: Колекција на „Прада“ есен/зима 2020/21

Прада слави плурализам и сложеност кај женските идентитети и преполно со цитати и референци. 

Миланската женска модна недела е во полн ек. Една од најисчекуваните ревии на денот – да бидеме искрени, во текот на целата модна недела беше модната куќа „Прада“.

Очите се насочени кон психоделичната арена поставена во вселенската мултифункционална просторија Депосито и поставата на „Прада“ за есен-зима 2020, внатре во комплексот на истоимената фондација.

„Прада“ тргнува кон рафинирана игра на цитати во кои хипи естетиците се среќаваат со глауморот од 1920-тите,а спортскиот универзум дозволува да биде контаминиран со деликатни транспаренти. Неговото мото е „размислување околу снагата на жените, нагласување на вродениот авторитет кој постои во оној кој е вистнска жена“.

Претставени се блејзери и јакни од кои излегуваат вратоврски во боја, фустани со везен елек во комбинација со јакни со силни рамења. „Облеката одразува плуларизам и сложеност кај женските идентитети, жената која исполнува повеќе идеи за себе во еден момент“, објаснува дизајнерката.

Scroll to Top