Модни совети -изгледајте убаво и без скапи парчиња облека

Веќе знаеме дека со пари можеме да купиме дизајнерски модни парчиња, но не и добар вкус и стил. Стилот се гради со години, со насоки и искуство. Следењето на актуелните модни трендови, без размислување и без разлика на обликот на телото, исто така нема да направи да се чувствуваме и изгледаме софистицирано. Меѓутоа, постојат модни совети кои можат да ви помогнат да го освежите својот стил, да ги исфрлите од гардероберот сите оние непотребни парчиња кои непотребно ви зафаќаат место и да станете стилска икона. Во продолжение ќе ви ги откриеме модните совети кои ќе ви помогнат да живеете со стил.

1. Немојте да купувате облека само за одредена прилика

Специјалните прилики заслужуваат и специјални аутфити. Свадби, прослави, гламурозни случувања – прават да чувствуваме потреба да купиме нешто посебно за сите овие прилики. Сепак, гледајте да не купувате модни парчиња кои само ќе ги носите еднаш.

Наместо да купите модна комбинација за одредена прилика, потрудете се да вложите во неколку елегантни модни парчиња кои подоцна ќе можете да ги искомбинирате за различни свечености. Купете елегантни и класични парчиња кои ќе можете да ги искомбинирате на повеќе начини.

2. Немојте да ги задржувате во орманот парчињата кои повеќе не можете да ги облечете

Облеката која сме „надраснале“ често може да се најде во орманот, како собира прашина и чека да ја постигнеме посакуваната килажа. Понекогаш се случува да купиме одреден предмет кој е број помал, затоа што се надеваме дека ќе ни биде мотивација да изгубиме некој килограм.

Облеката која не можеме да ја облечеме само зазема простор и претставува болна точка околу која се вртиме.

Најдобро е да се биде реален и да се подари или донира облеката која веќе не ни прилега. Искреноста спрема себе е важен чекор кон формирањето на сопствениот беспрекорен стил.

3. Не купувајте одредени предмети само затоа што се на попуст

Навистина е тешко да му одолеете на големите попусти и акции на крајот на сезоната. Огромен процент од попустите се скоро само да не вовлеча во бутиците. Добрите понуди никако не би требало да ги избегнувате, но не би требало ни да купувате модни парчиња само затоа што се на намаление.

Инвестицијата во некои предмети кои никогаш нема да ги облечете е поголемо фрлање на пари, од вложувањето во некое дизајнерско парче кое ќе стане ваш заштитен знак.

4. Кога една работа купувате, друга исфрлете од плакарот

За да не бидете затрупани после некое време со облека која не ја носите, почитувајте го правилото на купување: кога една работа купувате, друга исфрлете. На тој начин, плакарот нема да биде затрупан и вие лесно ќе можете да го најдете парчето што го барате.

Плакарот затрупан со работи кои со годни не ги носите, ќе ви го отежнат вашето стилизирање и осмислување на новите аутфити.

5. Откријте нови брендови

Често влегуваме во модна рутина, затоа што посетуваме исти бутици. Нормално е да имаме своја омилена марка или дизајнер, но исто така се ограничуваме себеси на еден стил и не ги шириме видиците.

Пробајте да испробате нови, поинакви брендови. На тој начин ќе си дозволите себеси да експериментирате, а истовремено ќе поседувате модни парчиња кои исто така ретко ќе се гледаат на другите.

Модниот вкус претставува лична преференција. Сепак, следејќи ги овие совети, плакарот секогаш ќе биде уреден, а вие ќе уживате во вашите омилени модни парчиња и секоја сезона ќе откривате нови брендови или омилени дизајнери, кои тек сега се пробиваат.

Веруваме дека овие наши совети ќе ве инспирираат веднаш да го разгледате својот орман, исфрлувајќи го вишокот и ќе тргнете во потрга по нови модни откритија.

Scroll to Top