Моќта над емоциите за никој да не може да ве повреди – совети од психолозите

Единствено ние имаме моќ над нашите емоции и ние сме тие кои одлучуваат дали некој ќе нè навреди или разлути.

Ако се одлучиме дека другите луѓе не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде.

Марко Аурелиј во својата книга „За себе“ дава одличен пример на влијанието на перцепцијата на свеста.

„Променете ги своите мисли и чувството на повреденост ќе исчезне. Престанете да се жалите на околностите во кои се наоѓате и нелагодноста ќе исчезне“.

Благодарноста е единствениот пат до успехот: Кој умее да се радува на ситници, тој знае што е среќен живот!

Оној кој секогаш негодува, во сè ќе најде нешто лошо, а тоа подоцна ќе му се одрази на неговиот живот. Туѓите постапки и зборови можат да го нарушат квалитетот на живот, освен ако вие самите не го дозволите тоа. Кога знаете кои сте и кога имате изградено самодоерба, никој не може да ве убеди во спротивното.

Доколку се чувствувате посрамотено или лошо поради зборовите што ви се упатени, вие сте си сами виновни за тоа, затоа што сте дозволиле да ве повредат.

Со своите емоции морате да управувате и да ги контролирате доколу сакате среќен живот. Психолозите се едногласни, доколу сакате да имате среќен живот, совладеењето на емоциите е од клучно значење. Доколку туѓите зборови ја имаат таа моќ да ви го нарушат целиот ваш ден, време е да поработите на контролирањето на емоциите и умот.

Емоционалната штета е многу полоша од физичките повреди и остава многу подлабоки траги. Ничии зборови не би смееле да влијаат на вашето однесување и емоции.

Туѓите мислења и критики секогаш ќе бидат исти, но единствено битно е она што вие го мислите, чувствувате и како се перцепирате себеси.

Scroll to Top