Момче со аутизам го изгради „Титаник“ од лего-коцки

Десетгодишниот Бринјар Карл Бигисо од Рејкјаик, момче со аутизам, речиси 11 месеци ја градеше најголемата реплика на бродот „Титаник“ составена од лего-коцки. Ова се повеќе од 700 работни часа. Неговото дело наскоро ќе биде изложено во музејот „Титаник“ во Тенеси.

За да ја изгради репликата на „Титаник“ Бринјар употребил 56.000 коцки. Бродот од коцки е долг седум метри, а висок метар и половина. Пари за коцките освен родителите давале и пријатели на семејството.

„Кога со мама патував во Леголенд во Данск, видов неверојатни модели на познати куќи, авиони, локации и бродови. Тогаш почнав да размислувам дека и јас сакам да направам свој лего-модел“, рекло момчето.

Според неговите родители, градејќи го „Титаник“ Бринјар успеал да го прифати својот аутизам. Пред да го почне својот проект имал потешкотии со комуникацијата, поради што често бил несреќен и осамен. Денес има доволно самодоверба, па сам дава интервјуа за своето достигнување.

Scroll to Top