Момче помина 2.800 километри пешки за да ја види баба си

By

Единаесетгодишниот Ромео Кокс помина пеш 2.800 километри од Палермо до Лондон за да ја види неговата баба, која живее таму. Тој на средината на јуни тргна од Сицилија, а вчера стигна во Англија.

Таткото на Ромео, Фил Кокс, е англиски новинар кој во 2017 година насила бил одвлечкан од Дарфур, каде што сакал да сними прилог за тоа што се случува во тој регион. По овој трауматичен настан, Фил се преселил во Палермо со неговата сопруга Џована и синот Ромео, но неговата мајка Розмари останала во Лондон. Кога сфатил дека баба му Розмари е осамена, Ромео решил да отиде кај неа, а со него пеш тргнал и татко му.

Ромео на патувањето го прославил и роденденот. Во текот на целото патување Ромео и Фил објавуваа слики од нивната авантура, а последната е од Трафалгар сквер во Лондон.

 

   

 

Ќе ви се допадне