Моторџии маскирани во Дедо Мраз делеа пакетчиња на деца со пречки во развој

Повеќе од 300 моторџии маскирани како дедо мразовци денеска во посета на една клиника во Белград каде им поделија пакетчиња на сите деца и млади со пречки во развојот.

Облечени во костим на Дедо Мраз, љубителите на мотори се собраа од повеќе мото клубови и велат дека нивната цел била да ги развеселат младите и сите граѓани за новогодишните празници.

Претседателот на спортското здружение BJBikers, Ненад Гавриловиќ кој ја почна целата оваа иницијатива, изјавил дека оваа година првите пакетчиња ги однеле во Центарот за престој на деца и млади во развој.

„Нашата цел е да израдуваме колку е можно повеќе деца. Секогаш сме возбудени кога се дружиме со нив. Добрина има, само е потребен заеднички напор“, изјавил Гавриловиќ.

 

 

Scroll to Top