Мурал со голем пенис на зграда во Стохолом

Големиот син пенис насликан на една станбена зграда во Стокхолм, на уметницата Каролина Фалкхолт, ќе биде тргнат по само една недела. Веста ја објави компанијата „Атриум Јангберг“ која е сопственик на објекто и рече дека одлуката ја донеле откако голем број граѓани се пожалиле за муралот на петкатницата.

„Се разбира дека поддржуваме уметничка слобода, но во исто време, мора да го почитуваме мислењето на најблиските соседи. Со тоа што го оставивме муралот одреден период им овозможивме на сите кои беа заинтересирани да го видат делото“, изјави шефицата на маркетингот на компанијата, Камила Клинт.

 

Компанијата кажа дека не ѝ било најавено дека голем пенис ќе се појави на една од нејзините згради.

„Во средата наутро, на 11 април, за првпат го видовме новото дело на ‘Колективет ливет‘, значи во исто време кога го видоа и жителите на зградата“.

Ова е втор ваков мурал на уметницата Каролина Фалкхолт што не опстана долго време. Пенисот што го наслика во Менхетн во декември можеше да се види само еден ден. Таа се пожалила, дека очекувала Швеѓани да бидат поотворени во однос на уметноста.

Scroll to Top