Музичарите се бунат, не сакаат Евросонг да биде во Израел

Вивиен Вествуд, Питер Габриел и Волф Алис, се меѓу 50-те британски уметници кои побарале Евросонгот да се премести од Израел, пишува Би-би-си.

Повикувајќи се на кршењето на човекови права, во отворено писмо до BBC бараат од јавниот сервис од организаторот да побара натпреварувањето за Песна на Евровизија да се одржи во некоја друга држава.

“Евросонг можеби е лесна забава, но тоа значи дека не треба да се води сметка за човековите права”, стои во писмото.

Од таму одговориле дека не е во ред учеството на BBC да “да се користи во политички цели”.

Годишното натпреварување би требало да се одржи во мај во Тел Авив, по победата на израелската пејачка. Победничката земја обично го организира Евросонг следната година.

Британските уметници велат дека тврдењата на организаторот дека со натпреварувањето се слави различноста “се лицемерни, со оглед на израелската окупација на Западниот брег, источен Ерусалим и Голанската висорамнина”.

“Не смееме да ги затвораме очите пред системските израелски кршења на правата на Палестинците. BBC мора да промовира слобода во изразувањето. Треба да делува во склад со своите начела и да изврши притисок Евровизија да се премести во земја во која не се случуваат злосторства против слободата”, истакнуваат британските ѕвезди.

Scroll to Top