На 101 година почина Ненси, првата жена на Френк Синатра

Првата сопруга на легендарниот Френка Синатра, Ненси, почина од старост на 101 година. Ненси беше прва од четирите сопруги на Синатра. Со неа популарниот пејач имаше три деца, Френк јуниор, Тина и Ненси, која стана позната пејачка како нејзиниот татко во 60те години на минатиот век.

Френк и Ненси се разведоа 1951 година. По разводот пејачот се ожени со филмската дива Ава Гарднер.

Scroll to Top