Холивудска глумица Типи Хедрен се појавува во новата реклама за часовници и накит на „Гучи“. Во спотот глуми гатачка на кристална топка, а на рацете и на прстите носи повеќе алки и прстени на „Гучи“. „Сите ваши соништа ќе се остварат”, им порачува таа на моделите околу неа, кои исто така носат многу накит.
Типи е најпозната по улогите во филмовите „Птици“ и „Марни“ на Хичкок. Кариерата ја почнала како манекенка. Таа е мајка на Мелани Грифит, а баба на Дакота Џонсон, позната по улогата на Ана Стил во филмот „Педесет нијанси сиво“. Дакота на почетокот на годината и самата сними реклама „Гучи“, а рекламираше парфем.