На Алјаска пронајдена 50 години стара порака во шише од руски морнар

Тајлер Иванов, жител на Алјаска, собирајќи дрва за зимата, неочекувано пронашол половина век стара порака во шише напишана на руски јазик. Тој потоа на Фејсбук побарал помош од познавачи на рускиот јазик да ја преведат содржината на пораката, пишува ББС.

Се покажало дека автор на пораката е руски морнар, кој писменцето што потоа го ставил во шише и го фрлил во водата, е морнар на рускиот брод „Сулак“.

Пораката ја напишал на 20 јуни 1969 година: „Срдечен поздрав од главниот брод на руската далекуисточна флота ВРХФ ‘Сулак’. Ве поздравувам вас што ќе ја пронајдете оваа порака и ве повикувам да се јавите на адреса Владивосток 43, БРХФ Сулак, на целата посада. Ви посакуваме добро здравје и долг живот, како и среќна пловидба, 20 јуни 1969“.

Кога капетанот на бродот Ботсаненко, кој денес има 86 години, дознал дека пораката е пронајдена,  со солзи во очите коментирал:

„Изгледа како мојот ракопис. Сигурно е. Источна трговска рибарска флота“, изјавил за руската телевизија „Русија 1“.

Пронаоѓачот на пораката, Иванов, вели дека е „кул“ што една мала порака прераснала во голема приказна во повеќе земји, додавајќи дека ќе размисли и тој еден ден да напише порака и да ја упати во шише преку морето.

 

Scroll to Top