На Антички поставена спомен-плоча за Горан Стефановски, откажана свечената церемонија

На Античкиот театар во Охрид утрово е откриена спомен-плоча во чест на познатиот македонски драматург и писател Горан Стефановски, но без свечената церемонија што претходно беше најавена. Од лајонс-клубот „Лихнидос“ од Охрид, кои се иницијатори на настанот, соопштија дека ја отажале свечената церемонија во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во Албанија.

Спомен-плочата во чест на Стефановски е изработена по повод годишнината од неговата смрт. Познатиот драмски писател и професор почина лани на 27 ноември во Кентбери, Англија. Неговото тело беше кремирано, а пепелта беше расфрлена во Охридското Езеро.

Scroll to Top