На аукција ќе се продава вино од 1774 година

На аукција во Франција наскоро ќе бидат понудени три шишиња вино „Арбоа“ од 1774 година. Се верува дека ова е меѓу најстарите вина на светот. Аукциската куќа „Жира еншере“ проценува дека вредноста на вината по шише ќе достигне од 15.000 до 20.000 евра, пренесува „Ројтерс“.

„Експертите во 1994 година го пробаа виното и го оценија со 9,4 од можни 10 поени“, изјавил аукционерот Филип Етјеван.

Слично вино беше продадено на аукција во 2011 година, по цена од 57.000 евра.

Scroll to Top