На денешен ден Бил Клинтон го преживеа скандалот со Моника Левински

На денешен ден пред точно 20 години поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон успеа да го преживее гласањето во Сенатот, по разоткривањето на секс-аферата со неговата помлада стажистка Моника Левински.

Претходно цела Америка дозна за аферата на американскиот претседател аферата која толку ја потресе Белата куќа, што Сенатот мораше да гласа за смена на Клинтон од претседателската функција.

И покрај скандалозната афера ѝ лажењето на американската јавност на телевизија, Клинтон успеа да преживее ѝ да остане на чело на САД.

На покренатиот процес за импичмент допринела и тужбата на Паула Џоунс поради сексуално вознемирување. Клинтон ја започнал врската со Моника Левински во 1995 година, кога таа била 22 годишна стажистка во Белата куќа. Нивната врска траела до 1997 година, а конечно била разоткриена на почетокот на 1998 година.

Во април 1996 година, нејзните шефови ја преместиле од Белата куќа во Пентагон, затоа што почувствувале дека премногу време минува со претседателот Клинтон.

Левински за својот однос со Бил Клинтон ѝ кажала на Линди Трип, жената со која работела во канцеларијата за односи со јавнос во Пентагон. Трип била наговорена од страна на агентот Лусијен Голдберг, да ја натера Моника детално да ѝ ја опише нивната врска и во тајност да ги сними тие разговори.

Година дена пред почетокот на нивната врска, против Клинтон, Паула Џоунс поднела тужба поради сексуално вознемирување. Тој случај се одвивал додека Моника и Бил биле во врска, а Моника поднела писмена изјава до судот каде негирала било каков физички однос со Клинтон.

Во јануари 1998 година, се обидела да ја убеди Трип лажно да сведочи во тој случај. Наместо тоа, Линда Трип снимките од разговорот ги предала на Кенет Стар од Министерството за правда, кој во тоа време веќе истражувал некои од аферите поврзани со претседателот Клинтон.

Левински тврди дека со претседателот имала девет средби во моментите кога имале сексуални односи, а нејзината колешка Линда Трип ја убедила да го сочува подарокот кој ѝ го дал, како ѝ да не ги отстранува флеките од спермата од својот син фустан.

Во меѓувреме Лусијен Голдберг на новинарите им открила дека претседателот има афера, па веста се појавила на 17 јануари 1998 година во „Драж рипорт“, а потоа и во „Вашингтон пост“, по што Клинтон повеќе не можел да молчи за целиот случај. Тој на 26 јануари одржал говор на конференцијата во Белата куќа која беше целосна лага.

„Сега морам да се вратам на работам на својот говор за „Состојбата на нацијата“. И работев сам на тоа до доцна синоќа. Но, сакам да кажам една работа за американскиот народ. Сакам да ме послушате. Повторно ќе речам. Немав сексуални односи со таа жена, госпоѓа Левински. Никогаш на никого не сум рекол да лаже. Никогаш. Овие тврдења се лажни. Морам да се вратам на работа за американскиот народ. Ви благодарам“, изјавил Клинтон.

Експертите се расправале дали Клинтон ќе ја спомене аферата, во говорот за состојбата на нацијата. На крајот, тој одлучил да не ја споменува. Хилари Клинтон продолжила да го поддржува својот сопруг за време на скандалот.

Но снимените признанија на Моника Левински и нејзиниот фустан со трагите од спермата на Бил Клинтон не можеле да бидат отфрлени како докази. На крајот во август Клинтон пред Големата порота, сведочел и признал дека имал непристојна врска со приправничката.

Набрзо е откриено дека тој сведочел во случајот на тужбата на Паула Џоунс и тогаш под заклетва, кога бил запрашан за Левински, негирал дека имал сексуална врска со неа.

Во декември 1998 година, Демократската партија на Клинтон била малцинство во двата дома на Конгресот. Неколку демократски членови на Конгресот и повеќето во опозиционата Републиканска партија, тврделе дека лажното сведочење на Клинтон и наводното влијание на сведочењето на Моника Левински е кривично дело и опструкција на правдата, дека претставува кривоклетство и дека тоа се дела поради кои треба да се покрене процес на импичмент.

Сепак, на изненадувањето на големиот број лица, Сенатот со мнозинство гласови се определил против смената на Бил Клинтон, кој така останал на чело на земјата и го завршил вториот мандат.

Тој останал претседател го преживеал и неговиот брак, а многу експерти сметаат дека Клинтон всушност го спасил неговиот говор за „Состојбата на нацијата“, кога одлучил да не ја споменува аферата ѝ да се насочи на тоа дека и понатаму делува како веродостоен претседател. Говорел и за добрата состојба на буџетот на земјата и борбата за спас на социјалното осигурување. На крај бил поздравен со огромен аплауз.

 

 

 

Scroll to Top