Легендарниот бразилски возач Аиртон Сена загина на денешен ден пред точно 24 години. Тој го загуби животот на 34 години, додека ја возеше трката за Големата награда на Сан Марино.
На 1 мај 1994 година со болидот на Вилијамс, тој удри во ѕидот во свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“. Возеше со брзина од преку 300 километри на час. Според подоцнежната истрага, беше утврдено дека му откажал управувачот. Ден претходно, на истата патека, за време на квалификациите, речиси на истото место почина и малдиот Австриец Роланд Раценбергер.
Сена беше еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, за многумина најдобриот. Во кариерата три пати беше светски шампион во Формула 1, а до неоданма до држеше и рекордот за најмногу освоени пол позиции.