На пауза од хокеј мајката го дои бебето старо 8 недели

Мајката Сера, професионален хокеј играч, се породила пред 8 недели. Веќе почнала да игра хокеј, но на паузата од играта го дои своето бебе. Оваа фотографија го обиколи светот и ги собра симпатиите на сите.

„Доилка сум, но играм. И за време на играта чувствувам како ми надоаѓа млеко и знам дека моето малечко е гладно. Доењето е неверојатно нешто“, рекла Сера. „Можете да правите сè и додека доите. Бебињата можете да ги доите во секое време, насекаде. Среќна сум што можам да го правам ова“.

Scroll to Top