На водителот Лари Кинг во три недели му починаа две деца

На легендарниот американски водител Лари Кинг, во три недели му починаа две од петте деца, пишуваат медиумите. Неговиот син Енди (65) пoчина на 28 јули од срцев удар, а пред три дена почина и неговата ќерка Чаија (52) од рак на белите дробови.

Кинг лани имаше срцев удар од кој закрепнува, па заради коронавирусот и можни компликации ако се зарази, не можел да патува од Лос Анџелес на погребот на својот син на Флорида. Тој погребот го гледал преку видео-врска.

„Дeцата го сaкаа и се грижеа за него. Под голем стрес е зошто ги изгуби,“ рекла неговата внука Џилијан за „Дејли меил“.

Кинг со Чаија и Енди

Кинг го посвоил Енди во 1962 година кога се оженил со неговата мајка Ален Акинс. Со неа ја доби и ќерката Чаија во 1969 година. Лари ги има уште децата: Лари помладиот (58), Чез (21) и Кенон (20).

Славниот водител лани се разведе од седмата жена, Шенон по 22 години брак. Причина за разводот е неверството на Шенон.

Scroll to Top