Најдобар начин да се изборите со прекумерните грицки

Всушност, најдобриот начин да се изборите со прекумерното консумирање грицки е воопшто да не ги купувате.

Меѓутоа, бидејќи секој од нас сака понекогаш да отвори кеса чипс или пакување пуканки додека гледаме филм, па така што е потребно само да се пронајде онаа златна средина. Во редовите кои следат ќе пронајдете некои од советите и најдобрите начини како да престанете премногу да консумирате од овој вид на храна, и што е уште подобро, ниту еден совет не подразбира сила на волја!

Ситуацијата ви е повеќе од позната: отворивте кесичка од омилените грицки, и си ветивте себеси дека ќе имате за наредните неколку дена. Меѓутоа се случува тоа да е уводната шпица на филмот која уште не си поминала, а вие веќе со прстите ги лижите последните трошки и се проколнувате себеси што непотребно сте се затрупувате со нездрава храна. Иако ни е тешко, повремено е потребно себеси да си се почестиме, но преголемата доза на грицки на дневно, неделно и годишно ниво води до бројни проблеми. Обезноста, високиот крвен притисок, незадоволството од сопствениот изглед се само некои од нив.

Значи, нема да ве советуваме во потполност да се одречете од малите задоволство во вид на грицки, туку само ќе истакнеме на кој начин е важно да им пристапите. Нутриционистите тврдат дека тајната е во уживањето во храната. Доколку само грицкате како на норма, било кој вид на грицки, вие всушност не стигате да уживате во нивниот вкус. На тој начин, сетилото за вкус скоро е запоставено, а со самото тоа и вашето задоволство изостанува. Во ситуациите кога сме незадоволни, имаме тенденција повеќе да јадеме, па дури и тогаш која не сме гладни.

На пример доколку измеѓу оброците се овозможите себеси да изедете една шака ореви, бадеми, лешници, индиски ореви или некои други семки, така што ќе си обезбедите доволно хранливи состојки, што ќе ве спречи подоцна во рекорден рок да испразните кесичка со грицки. Со намалениот внес на грицки во организмот директно влијаете врз намалувањето на таложењето на вишок килограми.

Начинот на кој можете самите себеси да се победите ќе се огледа во тоа што ќе ги намалите пакувањата грицки кои ќе ги купите. Кога сме речиси незапирливи кога ќе ја дофатиме кесичката од омилените грицки, паметен начин е да купите помали пакувања, затоа што кога ќе дојдете до дното на истата, вашиот мозок на истиот начин ќе регистрира тоа исто онака како да сте изеле три пати поголемо пакување. Крајот е едноставно крај.

На сличен начин можете да си помогнете себеси доколку грицките ги сипете во помали чинии. Како што се стремите кон дното, како и кај кесичката, дното на садот е дестинација на која целите кога ќе започнете со грицкање. Повеќето од нас имаме обичај да „јадеме со очи“, вашиот мозок ќе гледа полна чинија, без разлика што е во прашање помала, тој едноставно ќе ја стави како полна.

Настојувајте првенствено поради своето здравје што е можно повеќе да ги замените нездравите грицки со оние кои му прават добро на вашиот организам.

Scroll to Top