Марвел има повеќе од 35 суперхерои и преку 50 различни костуми за нив. Некои од костумите се исти во секое следно продолжение на филмовите, но повеќето се изменети, и според костимографите, тие се подобрена верзија на првиот костум. Љубителите на филмовите на „Марвел“ преку анкета ги избраа десетте најдобри костуми на нивните суперхерои.
10) Визија
Едноставен, но впечатлив. Црвената наметка на Визија му дава дополнителен стил кој го немаат голем број од суперхероите на оваа листа.
9) Доктор Стрејнџ
Доктор Стрејнџ има костум со наметка, кој целосно му одговара на карактерот и улогата. Од костумот се подеднакво воодушевени и фановите на филмот, ама и фановите на стриповите за овој лик.
8) Црната вдовица
Наташа Романова, позната како Црната вдовица, носи еден од најдискретните, но најфункционални костуми од сите. Нејзината црвена коса совршено одговара на темниот костум кој го истакнува нејзиниот сексапил.
7) Ајрон мен
Класичниот костум на Ајрон мен неколку пати се смени од 2008 година, кога се појави првиот дел од филмот. Последниот костум, што Тони Старк го носеше во „Одмазници: бесконечна војна“ се најде на седмо место според анкетата на фановите.
6) Црвената вештерка
Црвениот костум на Црвената вештерка е еден од највпечатливите во најновиот филм на „Марвел“.
5) Тор
Богот на молњата, Тор, во секое продолжение има различен костум, но фановите се воодушевени оти ги открива мускулестите раце на Крис Хемсфорт.
4) Валкири
Валкири има воинствен костум, што според фановите, прави таа да изгледа опасно, како што треба да изгледа една жена-борец.
3) Капетан Америка
Овој лик има костум што го симболизира неговото херојство, а во боите на знамето на Америка.
2) Спајдермен
Најновиот костум на Спајдермен се најде на второ место на листата. Според фановите, костумот сефа е пожив и позабавен, а совршено му прилега на еден од најпознатите ликови од стриповите.
1) Црниот пантер
Костумот на Црниот пантер, кралот на Ваканда, е најдобар. Тој прикажува суперхерој на новото време, баш по мерак на фановите.