„Чудовиштен цвет“  така се нарекува рафлезија зардаи своите паразитски димензии и одбивната смрдеа која ја шири. Индонезиските истражувачи  го пронајдоа најчудовиштен примерок.  Овој светлоцрвен цвет кој испушта мирис на месо што се распаѓа процути во распон од 117 сантиметри во џунгла во Западна Суматра и тамошните истражувачи велат дека тоа е најголемиот цвет досега пронајден.

Ова растение нема ни корен, ни листови, туку е паразитско. Рафлезија се храни со растението-домаќин на кое што живее, црпејќи ги неговите хранливи состојки и вода. Таа е видлива дури откако ќе се пробие низ растението-домаќин и ќе ги открие своите цветови. Отворената „уста“ на цветот испушта непријатен мирис, сличен на распаднато месо, што привлекува муви и други инсекти. Животниот век на рафлезијата е многу краток, и таа по една недела се распаѓа и умира.