Грешки со кои го саботирате разговорот за работа

Ако сакате да добиете некоја работа, потрудете се да ги избегнете грешките што луѓето ги прават најчесто.

1. Не доцнете

Ретко се случува вашата причина за доцнење да е доволно оправдана, но и тоа понекогаш се случува. Доколку знаете дека ќе задоцните, дури и кога во прашање се само неколку минути, за тоа известете го потенцијалниот работодавец, а кога ќе стигнете, задолжително извинете се.

2. Не сте се ракувале при запознавањето, ниту на крајот на разговорот

Ракувањето не е само знак за почит, туку и начин на потврда на сето она што во текот на разговорот е кажано. Ракувајте се кога ќе стигнете – тоа е дел од запознавањето, а кога ќе одите, покажете благодарност.

3. Не користете речник со негативна конотација 

Погрижете се негативните коментари за претходните работодавачи и претходните искуства да ги оставите за себе. Дури и она што не ви се допаднало, објаснете го на пристоен начин.

4. Не зборувајте пребрзо 

Иако сте нервозни и имате трема, не брзајте! Длабоко вдишете, сконцентрирајте се и дајте ѝ на личноста со која разговарате да го разбере она што сакате да го кажете. Оставете простор за дијалог, а монологот избегнувајте го.

5. Не гледајтее во под

Ништо не е полошо од кандидат кој избегнува контакт очи во очи. Точката на која морате да се фокусирате се очите на личноста со која разговарате, а не трошката од сендвич падната под столчето.

Scroll to Top