Секој човек има мани и добри страни, а хороскопот ги открива најлошите особини на секој знак во зодијакот.
Овен – бес
Овните често можат да бидат исполнети со бес и напнатост. Кога овенот е нервозен, руши сè пред себе. Тие се непредвидливи. Секогаш се доведуваат во конфликти со други луѓе и реагираат бурно. Мора да научат да го контролират својот бес.
Бик – ненаситност
Биковите сакаат да прават работи во кои можат да уживат без да размислуваат за последиците. Тие се родени хедонисти. Без разлика дали станува збор за добра храна, секс или скап поклон, биковите се ненаситни.
Близнаци – неискреност
Овој знак има лоша навика да го каже она што не го мисли или да ја испреврти вистината како нему му одговара. Сепак, иако немаат лоша намера, можат да бидат погрешно сфатени.
Рак – премногу се труди
Овој знак треба да престане да се труди кога не треба. Наместо тоа, треба целосно да се посвети на себе.
Лав – егоцентричност
Лавовите се себични и се посветени на себе. Не постои некој кој е подобар од нив, кој има поголеми проблеми од нив, подобар партнер, работа, автомобил. Сè што поседува е најдобро, дури и кога не е така.
Девица – перфекционисти
Девиците сакат сè да биде совршено и сите да се педантни како нив. Треба да престанат да бараат мани кај другите луѓе и да се посветат на сопствениот живот.
Вага – нарцисоидност
На вагите им е важно да се добри, убави и да се согласуваат со сите. По секоја цена ќе го добијат тоа што им треба. Секогаш ги избегнуваат расправиите, сакаат комплименти, можат да се смеатсо некој кој не го сакаат само ако имаат корист од тоа.
Скорпија – нескротлива страст
Скорпиите имаат потреба да бидат привлечни на сите околу нив. Нескротливата страст им е најголем проблем, но таа може да се смири со тек на годините.
Стрелец – склоност кон авантура
Стрелците паѓаат во искушение да флертуваат со други луѓе. За нив сексот е вид на забава, па имаат проблем да останат верни.
Јарец – амбициозност
Јарците сакаат да бидат најдобри на работи, најуспешни и никој да не биде вреден како нив. Тие остануваат по работното време, подготвени се да го жртвуваат семејниот живот.
Водолија – гениј без конкуренција
Водолиите мислат дека се најпаметни од сите и секогаш се на врвот. Никој не е паметен како нив и тоа секогаш ќе ви го стават до знаење.
Риби – мрзливост
Рибите претеруваат со нивната фантазија. Немаат волја да работат и не го кријат тоа. Ќе го сработат само најнеопходното, а останатото им го оставаат на другите.