Најлошиот пасворд кој луѓето го користеле годинава е 123456

By

Годинава беше одбележана со сериозни хакерски напади и упади во системите на големи компании и јавни претприемачи.

За тоа во голема мера допринесуваат и самите корисници, вработени во компаниите, кои користат некои од најпопуларните шифри за логирање во системите.

Компанијата NordPass, секоја година објавува Awful Password List, листа во која се најбројните и најпопуларните, а со самото тоа и најлошите шифри кои се пробиени и кои се употребени за хакерски напади, пренесува PC Press.

На прво место, како најпопуларна шифра е 123456. По неа следи нешто покомплицирана шифра 123456789, а на третото место нешто поскратена верзија, 12345. На хакерите кои користат бруто-форс техника, за разбивање на ваквите шифри им се потребни само неколку секунди.

Првите 20 места на листата ги завземаа следните шифри:

– 123456
– 123456789
– 12345
– qwerty
– password
– 12345678
– 111111
– 123123
– 1234567890
– 1234567
– qwerty123
– 000000
– 1q2w3e
– aa12345678
– abc123
– password1
– 1234
– qwertyuiop
– 123321
– password123

Според NordPass, овие шифри можат да се разбијат за помалку од една минута, а првите неколку и за помалку од една секунда. Од компанијата навеле дека забележлив е тренд овие шифри да се сè послаби и корисниците да не обрнуваат премногу внимание на нив. Важно им е лесно да бидат запамтливи, отколку да им бидат сигурни.

Тоа создава дополнителна главоболка во ИТ секторот, кој мора да посвети многу повеќе време на едукација на своите корисници, кои сè повеќе време поминуваат онлајн и чиј дигитален идентитет станува сè поважен, а сè полошо заштитен.

Комплетната листа на најлоши пасворди можете да ја погледнете на следниот линк:

 

Ќе ви се допадне

anime website. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime dub Pokémon Journeys: The Series

Dragon Ball Super (Dub)

4Anime My Hero Academia (Dub)

4Anime Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 146

4Anime JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable