Најмладиот син на Мајкл Џексон го смени името

Принс Мајкл Втори Џексон, најмладиот син на починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон, го смени своето име во Бленкет. Тој промената ја направи на 18. роденден, бидејќи, додека бил бебе, овој прекар му го дал татко му. Затоа Принс Мајкл Втори решил ова сега да му биде и законско име.

На прославата на роденденот присуствувале и неговиот брат Принс Мајкл Џексон и сестра му Парис Џексон, која е манекенка и глумица.

Не е првпат Принс Мајкл Втори да си го смени името. Тој во 2015 година си го смени името во Биги.

Scroll to Top