Постојат луѓе на кои не им е грижа дали се добри со вас или никогаш не се грижат за вашите потреби и чувства. Нивното однесување може да се должи на хороскопскиот знак. Астролозите велат дека пет хороскопски знаци се понељубезни од останатите.
Јарец
Јарците не се груби, тие се само амбициозни и се фокусирани на својата цел. Тие можат толку многу да навлезат во бизнисот што не сфаќаат колку се груби. Тие не се злобни или невнимателни, тие едноставно немаат време затоа што имаат премногу да направат, па се случува тие целосно да заборават да ве повикаат или да не обрнуваат внимание на она што го зборувате. Имајте на ум дека намерите на јарецот се добри и секогаш ќе бидат таму кога ви треба помош.
Овен
Овните се премногу нетрпеливи и импулсивни за да бидат љубезни. Понекогаш тие знаат да го кажат првото нешто што ми паѓа на памет, не размислувајќи како тоа ќе влијае на другата страна. Ако имаат малку трпеливост и држат сè под контрола, тие успеваат да не бидат груби и невнимателни. Како и јарците, и овните имаат многу да прават и нема да трошат време на работи за кои сметаат дека се непотребни.
Водолија
Водолиите понекогаш можат да делуваат далечни и резервирани. Не сакаат да учествуваат во драмите на другите луѓе и не сакаат да станат претерано емотивни пред никого. Тие можат да бидат екстремно непредвидливи а ако не сакаат да се справат со ништо, тоа можат да го соопштат грубо. Водолиите имаат многу на ум и секогаш се обидуваат да најдат решение за проблемите, така што понекогаш не се грижат да бидат љубезни.
Лав
Животот им е полн со настани, така што тие не стасуваат сето тоа да го испратат како што треба. Затоа, добрината не е на нивниот приоритетен список. Тие не се љубезни, но заради сè што имаат на ум, тие честопати се отсутни и може целосно да заборават дека треба да бидат љубезни. Најдобро е лавовите да се фокусираат на една работа, отколку да се рашират насекаде и да направат нешто погрешно.
Девица
Девиците премногу размислуваат за тоа дали ќе бидат љубезни и дали ќе имаат убави манири. Поради ова, тие можат да постапуваат пред луѓето како нељубезни затоа што се премногу истрајни во нивните намери. Родените во овој хороскопски знак, не сакаат да повредат нечии чувства, но понекогаш можат да бидат толку презаситени од различните работи што ги ветиле така што љубезноста ја оставаат настрана. Поради постојаното тежнение кон совршенството, се случува нивната самодоверба да биде нарушена, што понекогаш ги прави нељубезни, несвесни дека го прават тоа.