Секоја култура има различен начин на прослава на свадбите. Обичаите на многу места се различни, ама и чудни.
Мажот од Фиџи мора да пронајде необичен подарок пред да ја побара за жена својата девојка. Тој подарокот го дава на семејството. На својата идна баба мора да ѝ подари синџирче направено од заби на кит. Дури тогаш добива дозвола да ја земе девојката за жена.
Во некои делови од Шкотска се изведува церемонија пред стапувањето во брак во која младенците си истураат скиселено млеко, расипани јајца, рибешка чорба и друга храна со лоша миризба еден врз друг бидејќи постои верување дека парот кој ќе успее да го поднесе ова ќе ги поднесе и другите проблеми со кои ќе се сретне во заедничкиот живот.
Во Велс момчето на девојката треба да ѝ подари „љубовна лажица“ ако сака таа да му стане невеста. Љубовната лажица се прави од дрво во кое се резбаат романтични елементи, а симболиката е дека мажот е способен да ја издржува жената.
Во Мавританија, Африка, се верува дека крупните жени носат среќа во домот, па така има обичај идните невести значително да се здебелат пред свадбата.
На традиционална свадба во Германија постои обичај гостите да кршат порцелански чинии за да ги избркаат злите духови. Од младенците потоа се очекува да го исчистат нередот со што им се дава лекција дека бракот нема секогаш да биде лесен, но со заеднички напор можат да ги совладаат пречките.