Најпопуларниот јутјубер заработи 54 милиони долари што е 15 милиони повеќе од Лео Меси и Леброн Џејмс

Џими Доналдсон (23), познат како Мистер Бист (анг. Mr. Beast) се најде на листата на најплатени јутубери во 2021 година, која неодамна ја објави магазинот „Форбс“. Тој го надмина и Рајан Каџи (10), рецезент на играчки, кој беше на врвот на листата последните две години.

Јутјуб видеата на Џими имаат над 10 милијарди прегледи, кои му донесоа заработка од 54 милиони долари, многу повеќе од онаа заработка која ја остварија најдобрите спортисти во светот, како на пример Лео Меси и Леброн Џејмс, кои лани заработија по околу 40 милиони долари.

Платформата Јутјуб во 2021 година имала 2,3 милијарди корисници низ светот, а првите десет најплатени јутјубери оствариле приход од 300 милиони долари.

Scroll to Top