Најромантични мажи во хороскопот

Некои мажи не се срамат да покажат дека се романтични. Тие за жената би направиле сè за таа да се чувствува убаво и посакувано. Дамите што бараат романтичен маж, астролозите велат дека треба да изберат некој роден во знакот на рак, риби или лав.

Рак
Ракот е неверојатно романтичен и нежен. Можеби не сте го забележале тоа од прв поглед, но тој има многу силни емоции кои ги крие зад маската на цврста и непопустлива личност. Сака да ужива во романтични прошетки и гледање во ѕвездите, а за вас ќе биде подготвен да направи сѐ! Доколку навистина му значите, тој ќе сака да ве заштити од сите.

Лав
Лавот сака да се бори за жената која е единствена за него на овој свет. Доколку вие сте токму таа, сметајте се себеси за голема среќница. Тој ќе ви ја докажува неговата љубов на различни начини, од романтични љубовни состаноци до внимателно одбрани подароци. За него нема да постои ни една друга. Сака да има конкуренција бидејќи тоа го мотивира уште повеќе да ви се докажува, а за возврат ќе очекува секогаш да го пофалите и да му давате комплименти.

Риби
Нема сомнеж дека рибите се непоправливи романтичари. Ним никогаш не им е доста од нежност и љубов. Единствена маана им е што не се доволно одлучни и упорни, па нема да знаат како да ви пријдат и да ве освојат иако силно ве посакуваат. Очекувајте романтични прошетки по брегот со музика и мирис на цвеќиња. Неговиот глас ќе ве освои, а неговата добрина и благородност ќе направи да се вљубите до уши.

Scroll to Top