Гугл веќе со години работи на различни проекти поврзани со уметноста. Од виртуелни прошетки и набљудувања на уметнички дела во музеите ширум светот, па до интересни платформи на „Google Arts & Culture“ која преку споредувањата на селфињата, и илјадниците портрети, може да го пронајде вашиот двојник во музејот.
За само неколку дена, период колку што е достапна платформата, направени се 30 милиони селфиња.
Принципот е едноставен. Инсталирајте ја оваа апликација, направете слефи и пуштето го Гугл алгоритамот да си ја изврши својата работа.
Тие ќе го споредат вашето лице со илјадници портрети, за да прикажат неколку од нив кои најмногу личат на вас. Покрај сликите ќе биде прикажан и процентот колку си личите со некои од нив.
Со оглед на тоа дека во проектот учествуваат повеќе од 1500 музеи во повеќе од 70 земји, кој знае, можеби токму и вашиот портрет ќе виси некаде на ѕидот на некои од познатите музеи.
Од Гугл истакнуваат дека не морате да се грижите за приватноста, затоа што вашите селфиња нема да бидат зачувувани во никакви бази на податоци. Ова е направено само за чиста забава.
Оваа апликација е достапна и кај нас, и може да се инсталира на Андроид и „iOS“ уредите, но опциите за правење селфиња и нивно споредување во моментов функционира само во Америка. Се очекува Гугл многу набрзо да ја прошири оваа достапност.