Ако и самите сте меѓу ние кои просто безнадежно се заљубиле во рустичниот стил на уредување на домот, тогаш сте на вистинското место.
Доколку преферирате декор кој делува органски, во допир е со природата и зрачи со извесна доза на свежина, сето она што треба да го направите е да погледнете какви идеи ви подготвивме за денес.
Рустичниот стил како да нè освои оваа сезона. Се вративме на неговата топлина и пријатност, која толку многу ни недостигаше во модерниот свет. Со неколку несовршености тука и таму, делува навистина гостопримливо и ветува пријатни моменти. Нè враќа во мислите на некои дамнешни минати времиња и целосно го исполнува нашето срце.
Старинскиот мебел кој во повеќето случаи денес се наоѓа во подрумите, гаражите и на таванот, може совршено да се искористи за декорација на просторот во овој стил. Нема да ви треба многу ни време ни труд за да му го вратите некогашниот стил. Малку поправки, во вид на затегање на шарките и замена на рачките на вратите, нова боја и впечатокот ќе биде совршен.
Исто така освен мебелот во тие цели, во голема мера можат да ви послужат и вазните, чиниите, саксиите, различните платнени и метални корпи. И нив можете по желба да ги освежите со некои симпатични тонови, од кои белата боја со малку кафени примеси е најпрепорачлива.
Не заборавајте на ткаенините кои посебно се привлечни кога зборуваме за овој стил. Чаршафите за на маса, теписите, драпериите, прекривките, чипканите и везените детали ќе му дадат елегантност и посебен шарм на целокупниот изглед на ентериерот.
Најдобрите дизајнери на ентериерот при декорирање и уредување на домот во овој стил настојуваат да ја искомбинираат естетската вредност и функционалност на највисоко ниво. Ова се чини како полн погодок, затоа што предметите не само што можат убаво да изгледаат, туку и лесно можат да ја пронајдат својата цел. Доколку ви е потребна мала инспирација како би го разубавиле вашето опкружување во овој стил, нашата галерија со фотографии ви стои на располагање.