Набргу ќе се отвори „Чанак кале“, највисокиот висечки мост на светот

Новиот висечки мост во Дарданелите, Чанаккале 1915, кој ќе ги поврзува Европа и Азија, наскоро ќе се отвори за сообраќај, потврдија турските власти. Лимак Холдинг целосно го заврши, па свеченото пуштање во сообраќај ќе се случи на 18. март 2022 година. Тој е долг 4,6 километри и има најдолг среден распон на светот кој изнесува 2.023 метри.

Изградбата започна во март 2017 година, како дел од проектот Vision 2023, кој има за цел зголемување на турските патни, железнички и поморски сообраќајни капацитети. А првичната проценка на градбата на мостот изнесуваше 2,8 милијарди долари, но сепак трошоците излегоа околу 300 милиони долари повисоки, поради зголемувањето на цените и проблеми во синџирот на добавувачи поради пандемијата.

Елементите на мостот се проектирани како артилериски гранати во чест на познатата битка на Галиполе во Првата светска војна, а нејзиниот рекорден среден распон не е случајна бројка, туку е со намера да се поклопи со 100 годишнината од основањето на Република Турција во 1923 година, јубилеј кој ќе се прослави во 2023 година.
Scroll to Top