Наставничка имала секс со ученик, па завршила во затвор откако им се фалела на другарките

Фатина Хоесин имала секс со еден од нејзините ученици, па завршила во затвор, откако им се пофалила на пријателите како децата флертувале со неа. Таа минатата недела била затворена поради заведување и сексуален однос со 14 годишно момче.

Нивната врска траела неколку месеци во школо во Западен Сасекс во Велика Британија. 25 годишната Фатина наводно им се пофалила на пријателите дека нејзините ученици биле под влијание на хормоните и постојано флертувале со неа.

„Знаете какви децата можат да бидат во тие години. Мислевме дека Фатина само се шегува со нас“, рече една нејзина пријателка, а пренесе „Мирор“.

„Сега кога ќе погледнам наназад и кога ќе видам што сè направила, тоа ми е одвратно. Знаеше да биде манипулативна и темпераментна, особено кога ќе се почувствуваше нападната“, рече нејзина анонимна пријателка.

На судењето биле изнесени детали за врската со ученикот која траела неколку месеци, а на ученикот му рекла дека останала трудна кога тоа сакало да прекинат да се гледаат. Дури и му нудела пари, да не го пријави случајот во полиција.

Фатина минатиот јуни била ослободена со кауција, а потоа почнала повторно да го малтретира ученикот и неговото семејство, за да ги натера да прекинат со тужбата.

Користела низа на лажни профили на социјалните мрежи, преку кои ги заплашувала и другите деца од школите за да ги убеди да не разговараат со полицијата. Откако го подигнато обвинувањето, таа завршила на суд во октомври 2020 година.

Се обидувала да се спаси со тоа што ќе ги вовлече во замка и членовите на семејството на момчето со кое имала афера. Таа направила низа на лажни профили, претставувајќи се како 14 годишно девојче и на тој начин се обидела да намами еден од членовите на семејството, за да ги дискредитира пред судот.

На крајот таа е осудена на пет години затвор и засекогаш е ставена на листата на сексуални престапници.

Scroll to Top