Наставник си ја избричи главата за децата да не му се потсмеваат на болен ученик

Али Мохамадин, пофесор од Иран, стана национален херој откако во знак на солидарност со својот болен ученик си ја избричи главата, пренесуваат локалните медиуми. Неговата постапка ја пофали и претседателот на државата. Наставникот го направил тоа откако забележал дека децата во училницата му се потсмеваат на болниот Рамија Махан.

„Нашите глави се чувствителни на коса. Махан беше изолиран откако стана ќелав, престана да се смее и бев многу загрижен за неговите оценки. Затоа решив да ја избричам мојата глава, да му помогнам да се врати на вистинскиот пат“, рекол наставникот.

По ова и голем дел од соучениците на Рамија ги избричиле главите.

Scroll to Top