Научници открија планета која се топи од сопственото Сонце

Научниците од НАСА открија нова планета со големина на Нептун, за која велат дека се приближила премногу до ѕвездата околу која круи. Велат дека многу скоро планетата целосно ќе се стопи.

Експертите велат дека ова е најопасниот начин на кој планетите ја губат својата маса ѝ додаваат дека случајот со новооткриената планета е најекстремен од сите досега кои ги имале забележано. Новата планетата губи од својата маса многу повеќе од која било егзопланета која се нашла во таква ситуација, велат тие.

Американските експерти предупредуваат дека во наредните неколку милијарди години, половина од планетите би можеле едноставно да исчезнат. Во случајов се работи за планетата GJ 3470b, која во научните кругови е позната како „Жежок Нептун“. Се работи за жешка џиновска планета која е многу слична со Нептун и Јупитер.

Единствената разлика меѓу новооткриената планета и Нептун, е тоа што таа се наоѓа многу поблиску до својата ѕвезда од која било планета од нашиот Соларен систем. Новооткриената планета е толку блиску до ѕвездата поради што постојано испарува во космосот. И покрај тоа што станува збор за голема планета, ова тело нема голема маса.

Исчезнувањето на планетата GJ 347Ob би можела да даде корисни информации за функционалноста на гасните планети кои се наоѓаат надвор од нашиот Соларен систем. Станува збор за редок тип на вакви планети, кои меѓу научниците се познати и како „гасни Нептуни“.

Научниците заклучиле дека откако планетите од ваков тип ќе се распаднат, поради преголемата блискост со нивните Ѕвезди, од нив се создаваат „мини-Нептуни“.

 

Scroll to Top