Неделен хороскоп: Бикот пред љубовен предизвик, ракот да не прифаќа ризици

Овен

Со помош на опуштеност успевате да ги заведувате сите околу себе. За едни сте недостижни, а на други им дозволувате да ви се доближат. Иако се преиспитувавте, сега точно знаете кој е вашиот следен чекор на работното место. Тоа може да ви донесе и значаен напредок, за кој треба да бидете отворени и да го прифатите. Соработката е клуч на успехот. Здравјето ви е добро и стабилно.

Бик

Се чувствувате како љубовта постојано да ве одминува, но таквото чувство ќе престане во текот на оваа недела. Ќе имате доста предизвици, но успешно ќе се снајдете. Комуницирате со соработници од други градови или држави и не се плашите да ги презентирате своите визии и замисли. Движете се повеќе, на тој начин ќе го одржите своето тело здраво и витално.

Близнаци

Можни се мали фрустрации во љубовта. Издржете, бидејќи при крајот на неделата доаѓа многу поволен период за вашата емоционална страна. Доаѓа до подобрување и на работното место, иако има уште многу додека да биде идеално. Ефикасни сте, имате визија, ви се враќа силата… Хранете се здраво, бидејќи квалитетниот живот е клуч на доброто здравје.

Рак

Сакате интензивно и ви пречи што другата страна не умее еднакво да ви одговори. Ако сте сами, бидете трпеливи бидејќи ништо не доаѓа само преку ноќ. Верувате дека можете да постигнете сè и правите доста смели потези. Не е тешко, но ризикувате многу да се изморите. Имате поддршка од најблиските. Чувајте се од настинки и вируси.

Лав

Ви се чини дека љубовта ви се провлекува низ прсти. Тоа ве нервира, но немате време за фрустрации. Колку порано сфатите дека во врската сте двајца, а не само вие, толку подобро. На работа сте ефикасни и не ви бегаат никакви ситници. Размислете да го промените стилот на кој работите. Можна е неочекувана финансиска добивка. Здравјето е стабилно.

Девица

Нема да бидете осамени, тоа е сигурно. Многумина уживаат во вашето друштво. Ако сте во врска, ќе имате многу романтични моменти и ништо нема да ви застане на пат. На работа е одлично, бидејќи успевате да бидете сè подобри и подобри. Вашата храброст ќе ги донесе саканите резултати. Спортувајте нешто што ќе ви ја обнови енергијата.

Вага

Имате потреба од сигурност и стабилност, па може да се согласите на компромиси на кои вообичаено не сте подготвени. Но, јасно ви е дека таквата ситуација не може да биде вечна. На работа имате шанса значајно да профитирате. Немојте да брзате, прво согледјате ги сите страни пред да направите каков и да е исчекор.

Скорпија

Неделата ќе ја поминете во друштво кое ви годи и нема да забележите дека ви недостига љубов. Отворени сте за нови познанства. Сакате да истражувате за работата, а она што досега го постигнавте ќе ви донесе многу бенефиции. Интензивно сонувате, време е тоа да се спроведе на дело. Внесувајте повеќе течности.

Стрелец

На почетокот на неделата ќе се соочите со мала љубовна фрустрација, а потоа почнува поволниот период, кога ќе успеете со сите предизвици да излезете на крај. На работа ви е главно добро, потрудете се да ја подобрите соработката со колегите. Бидете она што сте и не влегувајте во непотребна глума.

Јарец

Ако некому се додворувате, бидете дискретни. Ако сте во врска, стиснете заби и премолчете ги грешките на партнерот. Веќе при крајот на неделата ситуацијата ќе биде далеку подобра. На работа ќе бидете ефикасни и продуктивни и нема да губите време на непотребни ситници. Отворете четири очи, замките се насекаде околу вас.

Водолија

Среќни сте што партнерот ве разбира, тоа е само доказ за стабилноста на вашиот однос. Ако барате сродна душа, очекувајте да ја сретнете на место каде што не се надевате. Енергични сте во работата, жедни за предизвици, конструктивни и отворени. Лесно остварувате соработка. Не претерувајте со работата.

Риби

Ако барате љубов, обрнете внимание на оние кои се во ваша непосредна близина. Некој упорно чека да го „улови“ вашиот поглед и да забележите дека му се допаѓате. На работа заземате борбен став и не дозволувате некој друг да го допре она што вие умеете најдобро да го работите. Бидете она што сте.

Scroll to Top