Неделен хороскоп од 14 до 20 октомври

Овен

Уште една работа недела, но овој пат ќе биде многу успешна за вас. Ќе бидете радосни поради подобрата позиција на работа. Партнерот ве поддржува и тука е за сите важни моменти. Прашањето е каде сте вие? Добро се чувствувате оваа недела.

Бик

Колегите немаат големо разбирање за вас. Потрудете се да ги поправите односите и да бидете помалку себични. Заљубени сте, но тоа не сакате да си го признаете ни себеси. Ви годи физичка активност.

Близнаци

Не очекувате помош од колегите, но таа ќе биде добредојдена. Не знаете како да се поставите кон нив. Ви се допаѓа една личност од работа. На вас е да го направите првиот чекор. Намалете ја нервозата.

Рак

Вашата финансиска ситуација се подобрува, но и вашата позиција на работа. Се е добро и така треба да биде. Заљубени сте и среќни. Добро се чувствувате оваа недела.

Лав

Работните услови не се најснајни, но не очајувајте. Вие секогаш умеете како да се извлечете од секоја ситуација. Ви оди добро во љубовта, само така продолжете. Внимавајте на настинки.

Девица

Вие умеете да бидете одличен соработник и треба да го искористите тоа за да напредувате во работата. Целете кон поголеми нешта. Во врската, се одалечувате еден од друг, но тоа не значи катастрофа. Можеби ви е потребен простор. Избегнувајте зачинета храна.

Вага

Немате причини за грижи, работите се онакви какви што треба да бидат. Романтични сте, ви годи љубовта оваа недела. Можна е кивавица.

Скорпија

Успехот е загарантиран кога знаете што сакате и како да го постигнете тоа. Ова ќе биде многу успешна недела за вас. Сакате да им се допаднете на сите околу вас. Можни проблеми со зглобовите.

Стрелец

Уште некое време ќе бидете под стрес, а тоа особено се однесува кога станува збор за финансиите. Крајот на неделата ви носи подобра ситуација. Послушајте ги советите на луѓето кои ви се блиски, не трчајте по љубовта.

 

Јарец

Работите не одат како што треба, но вие сте експерт за снаодливост. Време е да ја смените стратегијата. Сакате една личност која сметате дека вам ви припаѓа, но тоа ве мачи. Работите не се така едноставни. Здравјето е солидно.

Водолија

Вие сте личност која повеќе се води од интелект отколку од емоции, па така треба да постапувате и оваа недела. Деновите пред вас ви носат многу предизвици, останете рационални. Блескате со шарм и самодоверба, ги освојувате сите околу вас. Можни се главоболки.

Риби

Вашата позиција на работа е стабилна, но можеби треба да размислувате за подобри опции. Го заслужувате тоа. Сјаен ден за среќа и љубов. Можен е заеднички почеток. Проблеми со дишењето.

Scroll to Top