Неделен хороскоп од 19 до 25 март

By

Овен

Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но и понатаму имате големи трошоци, парите бргу ви одат. За среќа, можете да очекувате и прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки.

Бик

Саканата личност оваа недела може да ви овозможи остварување на сонот. Ќе добиете убав подарок или истата личност ќе ви овозможи да ги надминете финансиски проблеми, доколку имате такви. Ако се вработите, тоа значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот.

Близнаци

Комплетно сте насочени кон пронаоѓање што повеќе начини на заработка. Ќе ви се врати нешто што во еден период многу ви значело. Но ќе треба добро да размислите, зашто многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта и партнерот, такви ќе ви бидат случките. Сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себеси кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

Рак

Присутни се некои потешкотии кои ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување.

Лав

Во себе имате доволно позитивна енергија што ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ве чека добра финансиска промена ако сте подготвени да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.

Девица

Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасни сте во комуникацијата и истото го очекувате и од тие околу вас. Вашиот брак или врска се во одлична фаза штом сите тешкотии можат да се решат со договор и разговор.

Вага

Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни , за кратко време ви се враќа среќата иако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Скорпија

Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

Стрелец

На добар пат сте да надминете некои несогласувања. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сé како што изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку е полн со конзервативни ставови. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Јарец

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание.

Водолија

Ако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно ќе бидете растрчани на разни страни и никаде нема да стигнете. Доколку успеете да се спасите од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Ако оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започнете нова романса која има иднина.

Риби

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден нов начин што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период во кој можеби ќе успеете да го поправите она што го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и ќе оневозможите да ви се случи нешто ново.

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime tv freak: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 4 (https://animetv.cc/m/olj9/ep-4)

AnimeFreak fire force animefreak: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 23