Неделен хороскоп од 23 до 29 април

Овен

Ќе бидете оптоварени во текот на целата недела и ќе се чувствувате изморено, ама не смеете да потклекните на тешкотиите. Ќе се соочите со финансиски проблеми и тоа многу ќе ве загрижува. Ве очекува напната ситуација на љубовен план, особено за оние што се наоѓаат во подолготрајна врска или во брак. Несогласувањата и расправиите со вашиот партнер можеби ќе придонесат да ги расчистите натрупаните проблеми. Можни се повремени слаби главоболки.

Бик

Оваа недела ве очекува фаза на патување низ вашата совест. Не оптоварувајте се премногу, наместо тоа фокусирајте се на она што ве очекува во иднината. Пријателите може да ви доделат некој совет, но вие нема да го прифатите бидејќи ќе бидете премногу горди. Крајот на неделата искористете го за одмор и поминете една вечер со партнерот во опуштена атмосфера, ќе ви биде благодарен за тоа.

Близнаци

Можеби е време да престанете да ги трошите парите без да размислите. Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе придонесе да се чувствувате поенергично. За време на викендот партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се така што целосно ќе му се посветите само нему. За оние кои не се во врска можеби сабота ќе биде полн погодок.

Рак

Оваа недела ви претстои многу забава. Ќе чувствувате многу енергија во себе, па нема да ви биде проблем секој ден да се забавувате. Тоа и не е така лошо, но внимавајте, не запоставувајте ги и секојдневните обврски и работата. Срамежливоста ќе ја замените со комуникативност, па немојте да се изненадите доколку запознаете некоја нова личност. Здравјето е добро.

Лав

Иновативноста, како и другите таленти кои ги поседувате ќе ви донесат нови привилегии во животот. Останете позитивни бидејќи ве очекуваат пресврти за кои не ни помислувате. Средбата со вашиот поранешен партнер ќе направи да посакате да се вратите во минатото, но наместо тоа, почнете да гледате во иднината, можеби ве очекува нешто интересно.

Девица

Вашиот натпреварувачки дух ќе биде на највисоко ниво во неделата што претстои. Вашата амбиција и креативност ќе направат да напредувате повеќе на работното место. Неделава ќе добиете неколку покани за забави, но повеќе ќе сакате да останете дома и да се посветите на семејството и на вашиот партнер. Оваа недела ве очекува некое изненадување.

Вага

Бидете спремни да им го одземете здивот на сите со вашето присуство. Едноставно, ќе блескате, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Оваа недела ќе биде полн погодок и на работа бидејќи ве очекуваат пријатни моменти со колегите. Можеби секојдневните обрвски ќе прават да се чувствувате уморно, па затоа потрудете се да вежбате што повеќе за да добиете повеќе енергија и да се чувствувате здраво.

Скорпија

Деталите се она што ќе ви биде најважно неделава. Но внимавајте, вашиот перфекционизам може и да ви донесе проблеми. Ова ќе биде позитивна недела за вас. Ќе се чувствувате среќно и ќе бидете полни со енергија. Искористете го слободното време да прочитате некоја добра книга. Очекувајте изненадување од некој кој не сте го виделе долго време.

Стрелец

Престанете да се оптоварувате со тоа што мислат другите за вашите постапки. Правете го она што мислите дека е исправно и слушајте го вашето срце. Ќе потрошите многу пари средувајќи го вашиот дом, но така барем ќе се чувствувате удобно дома. Држете се понастрана од оние кои само ви делат комплименти, тие се љубоморни на вашите успеси.

Јарец

Секогаш сте биле силни и решителни, па така и овој пат лесно ќе се ослободите од проблемите кои ќе ви се појават. Посветете повеќе внимание на блиските пријатели, бидејќи тие се секогаш тука за вас. Шармот кој го поседувате сѐ повеќе луѓе ќе го забележуваат и тоа ќе биде пресудно за пронаоѓање нова љубовна романса или за разгорување на старата страст.

Водолија

Ве очекува недела исполнета со стрес, па наместо да ги чувате чувствата во себе, кажете им гласно на другите како навистина се чувствувате. Можеби некој ќе ви даде некој совет и ќе успеете да решите некој проблем. Можеби ова е неделата во која желбата за патување и запознавање различни култури ќе ја сфатите сериозно и ќе отпатувате некаде. Не мешајте го партнерот во вашите проблеми.

Риби

Во неделата која ви претстои можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте, излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Оваа недела ќе ви биде полн погодок!

Scroll to Top