Неделен хороскоп од 23 до 29 јули

Овен

Ситуацијата е под контрола. Одлично се чувствувате уживајќи во друштвото на блиските пријатели. Иако работата напредува, тоа не значи дека треба да се опуштате. Добра, разработена организација носи поуспешна и поголема заработка. Внимавате на здравјето многу повеќе од обично. Партнерот постојано го оптоварувате со ситници. Надевајте се на големи авантури во областа на љубовта и сексот.

Бик

Финансиската ситуација се поправа. Очекувајте прилив на пари поради што ќе сјаете, комуницирате, но и непланирано и прекумерно ќе ги трошите. Бидејќи е познато дека лесно приоѓате кон пороци, умереноста ќе биде најдоброто решение. Со партнерот се можни брзи страсни мигови.

Близнаци

Многу припадници на овој знак започнуваат нов животен циклус и пополека се приспособуваат кон него. Можно е бизнис-патување и финансиска добивка. Се работи за нешта што успешно ги завршувате, но не планирајте ново работно место. Одлично се согласувате со некоја водолија, иако на прв поглед не изгледа така.

Рак

Со доза на оптимизам приоѓате кон работните обврски. Многу ракови очекуваат јавен настап и унапредување. Финансиската ситуација се подобрува. До петок ќе бидете во фаза на повлеченост и намалено расположение за дружба, но за викендот ќе се променат работите. Ќе бидете отворени за секоја иницијатива, а многу личности ќе паднат на вашиот шарм.

Лав

На работа ќе влезете во многу подобар период до крајот на неделата кога ќе имате најмалку две примамливи понуди. На љубовно поле станувате свесни дека треба повеќе да ѝ обрнувате внимание на личноста која ви значи. Здравствените проблеми се последица од претерување со индивидуални работи. За некои проблем се цигарите, за други алкохолот, а за трети и едното и другото.

Девица

Работната ситуација не е на завидно ниво. Причината е пасивноста и вашата особина постојано да се потпирате на другите околу вас. Со партнерот сте на иста бранова долина. Одлично функционирате. Слободните девици се обидуваат да му пријдат на некој јарец. Ќе успеете ли да му одолеете? Тргнете во брза страсна акција.

Вага

Размислувате ли дали ви е потребен совет? Ве надвладуваат стравови, а и повлечени сте во себе. Колку се тие стравови оправдани? Во игра се хронични болести. Љубовта бара жртви. Цената е превисока, па се размислувате дали воопшто да се втурнете во врска. Штом проработи разумот, ништо од страста.

Скорпија

Иако својот дел од работата го извршувате беспрекорно, чувствувате дека соработниците тешко ве следат. Затоа избегнувајте тимска работа. Со партнерот сте во одлични односи. Предност давате на домашната атмосфера, во која, опуштено уживате со нежностите. Слободните скорпии се пред нова врска. Внимателно пријдете кон проблемот со исхраната.

Стрелец

Чувството дека другите не ги разбираат вашите потреби е плод на преокупираноста со себе и зголемена доза на нарцоидност. Не е идеално време за започнување на ново работно место, но затоа планирајте за во блиска иднина. Се препорачуваат рестрикции и довршување на веќе почнатите обврски. Не дејствувајте емотивно кога е потребно да се биде разумен.

Јарец

Се наоѓате пред дефинитивна промена на ниво на личноста. Избегнувајте конфликти на работното место како резултат на незадоволствата од субјективна природа. Шетајте повеќе. Доколку сте постојана врска, не ви е лесно. Најдете начин за да се согласувате со партнерот. Чувстителноста води кон незадоволство.

Водолија

Ви се нудат неочекувани бенефиции. Морате да ги грабнете и не дозволувајте да бидете инертни. Поволна шанса не се нуди често. Опасноста по вашето здравје е во форма на нерационално трошење енергија, што доведува до исцрпеност, а со самото тоа и до болест. На љубовен план можете да очекувате да ви пријде некој стрелец.

Риби

Полни сте со енергија, хиперактивни. Поволен период за полагање испити, усовршување и работни преквалификации. Не се преоптоварувајте со донесување одлуки за нови работни места. Нервната раздраздливост е составен дел од вашата природа. Смирите ги нервите занимавајќи се со некое хоби. Ова не е вистинското време за решавање на љубовните проблеми. Партнерот смета дека брзате со одлуките, па не може да ве следи.

Scroll to Top