Неделен хороскоп од 25 февруари до 3 март

Овен

Ќе бидете активни во создавањето контакти, па ако уште сте сами, ќе најдете некого. Младите добро ќе се забавуваат, но без љубовни намери. Сите ќе трпат провокации и критики од другата страна. Ќе сонувате поквалитетна работа и поголеми права. Тоа е можно, но најпрвин треба да си ја одработите редовната работа. Соработката ќе биде клучна за вашиот успех. Слушајте ги другите, а и тие ќе ве поддржат. Занемарете ги малите грижи и нервози.

 

Бик

Созреана ви е идејата како да забавувате и да заведете една личност која ја посакувате, па ќе се потрудите тоа и да го направите. Веројатно ќе успеете, но под услов да прифатите и по некој компромис и да не скокате на секоја провокација. Ништо не е случајно, па ни тоа дека токму вам ви се случуваат некои работи што ве збунуваат. Конечно ги земате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа не брзајте, туку одете чекор по чекор.

 

Близнаци

Ведрина, позитивен дух, шарм и уживање во малите работи ќе ги одбележат овие денови. Затоа не се грижете за ситни работи, не се толку важни. Подобро уживајте во она што го имате. Некои ќе сонуваат со отворени очи. Ќе има премногу желби и премалку шанси за нивно остварување. Вашите амбиции не се мали, но ситуацијата ќе налага задолжителна соработка со други. Време е за добро планирање на следните потези, а за реализација може и да почекате.

Рак

Веројатно ќе се чувствувате малку осамени или ќе фантазирате. Смирете се и повлечете се во тишина и медитација. Немојте да очекувате многу повеќе од она што сега го имате. Ситуации , луѓе и настани – сето тоа ќе ве наведе на потребата да поработите на вашиот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа, но ќе барате многу информации.

Лав 

Се повеќе ќе се занимавате со вашиот приватен живот и ќе копнеете по љубов. Мали недоразбирања или грешки во чекори ќе бидат од минлив карактер. Поголемиот дел сепак ќе ви оди од рака, па потурдете се да излезете во друштво ако сте сами. Оние кои бараат работа би можеле да бидат повикани на разговор што ветува. Не е исклучено и да добијат работа. Оние кои веќе работат ќе бидат настроени да ги покажуваат емоциите на работното место и ќе уживаат во работата.

Девица 

Ќе станете подруштвени, зашто така ќе ве наведат околностите. Сепак вашето срце веројатно нема да биде исполнето. Многумина заедно ќе излегуваат во поголеми групи и нема да седат сами. Добрата забава е загарантирана. Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот замор, полесно ќе работите. И односите со колегите ќе се подобрат. Добро е да почнете со индивидуален спорт.

Вага

Ако сте уште сами и барате љубов, веројатно ќе фантазирате. Ова се денови кога повеќето ќе пребарувате по далечни љубовни сеќавања или ќе читате меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да биде здодевно, ниту сензационално. Што и да се случи на работното место вие ќе бидете главен координатор на работите или дипломагт кој со својата вештина на комуницирање ќе ги насочи работите на вистинското место. Вашите потези ќе добијат на значење, па внимавајте што работите.

 

Скорпија 

Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна, а со тоа оди и живот во тишина. Барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракции, туку ќе почнете да уживате во мали и нормални состојби. Тоа е зрелост, било за партнерите, било за вас. Она за што се борите е исправно, но треба подобро да соработувате со другите. Некои ќе се обидуваат да ја усовршат својата стручност. Оние кои учат се во добивка. Ќе правите планови за далечни патувања.

Стрелец 

Пред вас се добри љубовни денови. Доколку имало некаква пречка меѓу вас и партнерот, сега и двајцата ќе се отворите и ќе јадете заеднички јазик. Ќе има уште непримерено однесување, но занемарливо. Веројатни се нови задачи од стана на вашите надредени. Дури сега ќе видите дека и тие можеле да бидат и тоа како амбициозни. Ќе испливаат и резултати од една ваша претходна работа, што ќе ви го подигне личниот рејтинг на работата.

Јарец

Некои конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од пречките или фрустрациите што ги кочеле. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите лични односи. Другата страна ќе ве поддржи и сака. Самците ќе ја бараат љубовта преку размена на идеи. Се повеќе ќе соработувате со млади и ќе воведувате млади лица во работењето. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Очекувајте мали нервози и грижи.

Водолија 

Ќе играте на карта на наивност, ноншалантност и шарм. Тоа најдобро ќе ви оди во личниот живот. Ако се обидете малку посериозно да разговарате со другата страна, ќе наидете на сопствениот хаос. Затоа молчете и едноставно сакајте. Некои веројатно ќе имаат посебни таленти, но во сударот со реалноста ќе видат дека навистина ги немаат. Ќе се смеете сами на себе или ќе издржите некоја критика. Набргу ќе продолжите понатаму со зрели размислувања.

Риби

Можно е да ви недостигаат предизвици во приватниот живот. Привлечноста што ја очекувате ќе изостане, па затоа немојте да создавате вештачки ситуации. Така влегувате во светот на илузии. Прифатете го ова како минливо затишје и уживајте во малите радости. Пред вас се денови кога ќе имате можност да покажете колку сте љубезни и истрајни во работата. Многумина дури сега ќе увидат дека имаат и некои други таленти.

 

Scroll to Top