Неделен хороскоп од 25 ноември до 1 декември

Овен 

Оваа недела нема да ви биде комплетно сјајна за работа, можни се нејаснотии и компликации. Иако се трудите да го поправите односот со саканото лице, едноставно не ви оди. Имунитетот ви е ослабен и генерално сте многу чувствителни.

Бик

Можно е да се разочарате од некој од вашите соработници во наредниот период. Не ставајте се при срце. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате флерт со личност која ќе ја запознаете преку пријател. Можни проблеми со нервниот систем, ќе бидете чувствителни.

Близнаци 

Можете да очекувате некои промени на вашето работно место во наредниов период. На полето за љубов не би требало да очекувате никакви компликации и проблеми. Можна е вкочанетост во грбот.

Рак 

Ако се занимавате со приватна работа, можни се некои промени и напорно темпо. На љубовното поле можете да очекувате зближување и подобри односи со саканото лице. Можни проблеми поврзани со стомакот.

Лав 

До вас доаѓаат нови информации, а и финансиите можат значително да ви се подобрат. На полето за љубов ве очекува стабилна ситуација и добра комуникација со саканото лице. Здравјето е одлично.

Девица 

Можно е самите на себе на некој начин да сте си створиле притисок околу работата, без претерана потреба од тоа. Кога станува збор за љубовта ве очекуваат многу интересни и нови случувања. Можен проблем со хормоните.

Вага

Ви делува дека некои планови кои ги имате не се баш лесно остварливи. Сепак важно е да се трудите. На полето за љубов ве очекува вообичаена ситуација со саканото лице. Можни вируси, инфекции, воспаленија и бактерии.

Скорпија

Можно е среќата овој пат да оди против вас, па немојте да ризикувате во било која смисла. Кога станува збор за љубовта, потребно ви е нешто ново, а наскоро ќе дојде и тоа. Можни се силни главоболки.

Стрелец 

Немојте да се грижите кога станува збор за работата, конфузијата која во моментот е присутна ќе се реши. На полето за љубов ќе се случат некои мали недоразбирања со партнерот но ништо сериозно. Водете сметка за урогениталниот тракт, мочниот меур, бубрезите и мочните патишта.

Јарец 

Можете да очекувате дека во текот на овој период најмногу ќе се занимавате со документи и некои формални прашања. Кога станува збор за љубовта слободните можат да очекуваат многу интересно ново познанство. Можни се мали проблеми со синусите, белите дробови, дишните патишта.

Водолија 

Ве очекува значително напредување на полето за финансии, можете да се надевате на многу позитивна ситуација. На љубовен план ќе имате интересни случувања со личноста која ви се допаѓа. Чувствително грло.

Риби 

Пред вас е период во кој ќе имате многу деловни обврски пред себе. Посветете и се максимално на работата. Кога станува збор за љубовта можете да очекувате убави моменти со саканото лице и мирна ситуација. Можна главоболка и забоболка.

Scroll to Top