Неделен хороскоп од 29 октомври до 4 ноември

Овен

Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но, Марс сè уште се наоѓа во вашето поле на парите, па сè уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но, ова влијание е добро поставено така што очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период на љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки.

Бик

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето убав подарок или, пак, истата личност, ќе ви овозможи надминување на финансиските проблеми доколку имате такви. Добивањето вработување значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот.

Близнаци

Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто што во еден период многу ви значело. Но, ќе треба добро да размислите затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

Рак

Присутни се некои тешкотии, кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро планираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а тоа и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување.

Лав

Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена ако сте спремни да учествувате во сите активности што ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.

Девица

Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера, која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасни сте при комуникацијата и тоа го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии може да се преминат преку договор и разговор.

Вага

Среќа што остварувањата, исто како и грижите, доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови што веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Скорпија

Во овој период најважно е да верувате во себе и во сопствените способности. Сигурно се присутни извесни тешкотии, кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здружување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

Стрелец

На добар пат сте некои несогласувања да ги надминете. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сè онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание што носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер што кај вас не предизвикува нежни чувства, туку, напротив, е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Јарец

Во одреден облик ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста што ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви изгледа незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот сам да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание.

Водолија

Ако сте природно лесно приспособливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви отиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се спасите од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да почне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.

Риби

Длабоко во себе чувствувате промена, почнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој ви ги враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она што го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања.

Scroll to Top