Неделен хороскоп од 4 до 10 ноември

Овен

Ова ќе биде навистина среќна недела за вашиот знак, особено на љубовен план. Венера ви дава силна заводлива моќ: ако ви се допаѓа некој, само напред! Ако веќе сте во пар, со вашиот партнер може да правите планови кои се однесуваат на иднината. Особено викендот ќе биде супер-романтичен, благодарение на Месечина во знакот од петок до недела.

Бик

Конечно работите одат подобро од гледна точка на чувствата: дискусиите со партнерот од последниот период се далечно минато и се чувствувате поспокојни. Сепак, проблемите и блокадите остануваат на работното место: ретроградниот Меркур ја отежна комуникацијата со колегите и претпоставените. Внивајте особено во најтешките денови – понеделник и вторник, кога и Месечината ќе биде неповолна.

Близнаци

За жал, и оваа недела ќе мора да се справите со планетата Венера, која е во опозиција и која ќе создава проблеми на емотивен план. Минувате низ период на конфузија и треба да одвоите време за себе за навистина да дознаете што сакате од вашата врска и дали партнерот е вистински за вас. Внимавајте во вторник и среда, кога ќе биде лесно да влезете во кавги со партнерот.

Рак

Оваа недела ќе биде многу среќна за вашиот знак, особено од гледна точка на меѓучовечките односи. Поволната планета Меркур ви помага да создадете врски и контакти што се важни за вашата професија. Среќни денови се среда и четврток. Внимание за викендот: од петок до недела Месечината е во неповолна позиција и би можела да предизвика малку нервоза.

Лав

Оваа недела започнува со прилично тежок понеделник и вторник, во кои Месечината ќе се спротивстави на вашиот знак: може да се појават неуспеси или блокади на работното место. Подобро ќе биде за време на викендот, кога ќе бидете подготвени за многу емоции и задоволства на емотивен план.

Девица

Во овој период на љубовен план тешко ви оди – ако штотуку започнавте нова приказна, можеби веќе имате сомнежи. Постарите парови ќе се расправаат. Среда и четврток ќе бидат особено тешки од оваа гледна точка: Месечината е во опозиција, заедно со неповолната Венера и тоа ќе ги зголеми тензиите. Подобро ќе биде за викенд.

Вага

Ова е  недела полна со енергија за вашиот знак, па во овој период ќе бидете навистина незапирливи! Марс ви дава предност во секоја област од вашиот живот, но пред сè во љубовниот живот ве очекуваат големи изненадувања. Среќни состаноци во првиот дел од неделава. Внимание за викендот, кога Месечината во опозиција може да создаде лошо расположение и нервози.

Скорпија

Меркур и Сонцето во вашиот знак ве прават победник. Исполнете ги целите со голема решителност – ѕвездите ќе ви помогнат да ги постигнете сите проекти! Најсреќните денови во неделата ќе бидат среда и четврток. На работа ве чекаат добри вести, но и важни состаноци. Понеделник и вторник, од друга страна, ќе бидат малку потензични, во кои може да се случи одредена дискусија со партнерот.

Стрелец

Венера во поволна позиција го зголемува вашиот природен шарм: ќе биде навистина тешко да ви се одолее оваа недела! Вашиот ентузијазам и желба да направите големи нешта ќе биде заразен и може да ви донесе добри резултати дури и на работното место. Понеделник и вторник ќе бидат најсреќните денови неделава. Сепак, некои неочекувани настани може да се случат в среда и в четврток, ама викендот ќе биде страствен.

Јарец

Марс во знакот на вага продолжува да ве прави да се чувствувате уморни, но конечно пристигнуваат задоволствата. В среда и в четврток поддршката на Меркур и Месечината ќе ви отворат големи можности, состаноци и позитивни одговори. Запомнете дека во 2020 година успехот ќе биде ваш и полека се приближувате до таа цел! Викендот ќе биде нервозен. Бидете внимателни да не се карате со партнерот.

Водолија

Вашата недела почнува одлично со два дена со поволна Месечина – пристигнуваат добри вести и изненадувања! Ве чека многу страст, а пред вас се и убави договори со партнерот. Од деловна гледна точка, може да доживеете мали неуспеси како резултат на неповолниот Меркур: ако чекате одговор или потврда, може да биде доцна.

Риби

Ова ќе биде многу среќна недела, особено на деловен план: в среда и в четврток очекувајте одлични вести. Поволниот Меркур ви носи нови интересни контакти. Сепак, на емотивен план не цветаат рози – Венера во неповолна позиција создава напнатост во вашата врска. Справете се со вашиот проблем без да влегувате во кавги.

Scroll to Top